Почетна


Изложба и промоција на монографија за Светиот Владимир во Ресен


Во петок на 17.03.2017 година во организација на Општина Ресен и Домот на Култура од Ресен во ресенскиот сарај со почеток од 19 часот се организира изложба “Портретите на Светиот Владимир на Балканот од XVII до XX век” и промоција на Монографија “Светиот Кнез Владимир”








Изложбата и промоцијата се  продолжение на воспоставената соработка од областа на културата која Општина Ресен ја заснова со Општина Бар од Црна Гора и општина Елбасан од Република Албанија.

Изложбата Портретите на Светиот Владимир  на Балканот од XVII до XX век”   која претходно во месец декември беше поставена во излобениот салон  на МАНУ, ќе ја престави  проф. Др. Сашо Цветковски, додека пак за Монографијата  Светито Кнез Владимир”  ќе говорат  гостите од Црна Гора академик Сретен Перовиќ- уредник, и г-дин Милорад Алексиќ во име на издавачот на фондацијата  Св. Петар Цетински  од Подгорица.

 

На овој настан во холот на ресенскиот сарај ќе настапи и хорот Св Ахил Преспански  со интерпретација на црковна византиска музика , а меѓудругото ќе се читаат и фрагменти од стихозбирката Така Љубеше Косара од Лидија Дочовска Павловска