Почетна


По четврти пат Тур де Галичица во Преспа


Во недела на 18 јуни 2017 година со почеток од 9 часот од Градскиот плоштад Цар Самоил во Ресен ќе стартува овогодинешниот настан “Тур де Галичица” во организација на Велосипедскиот Клуб Преспа Бајк од Ресен и помогнат од Општина Ресен .








На овогодинешната велосипедска тура низ Преспа и низ Националниот Парк Галичица, учество ќе земат повеќе од 250 рекреативци од сите краеви на државата. 
Оваа година од страна на организаторите најавени се и новини во настанот, но и измени кои ќе бидат дел од тридневневното дружење кој всушност започнува на 16 јуни со поставување на камп на учесниците на местото викано Починалиште во Ресен  Организациски останува старата добра велосипедска рекреативна тура низ падините на Националниот Парк Галичица која започнува од Ресен во вкупна должина од 71 километар,а новина е најава за планинарска тура до највисокиот врв на планината Галичица, (Магаро 2255 м.н.в). 

За сите учесници во сабота најавен е музички хепенинг во м.в. Касарна во Ресен  каде учесниците ќе ги добијат и натпреварувачките пакети обезбедени од организаторот.

Инаку Тур де Галичица оваа година се организира по четврти пат и според еден од одговорните во организацијата на настанот Кристијан Ќулумовски покрај дружењето, рекреацијата основна цел на настанот е да се даде силен допринос кон промоција на природните убавини на Преспа во функција на развој на туризмот во ова подрачје.