Почетна


Градежните активности на Општина Ресен продолжуваат


Веќе петто лето,Општина Ресен презема интензивна активност за санирање на ударните дупки на коловозите на локалните патишта и улици низ Преспа







Денес во тек се таквите активности на општината а во моментов санација се врши на улиците:Корчуланска,29 Ноември и Димитар Божиновски.
Активностите продолжуваат и во наредните денови а комплетното санирање на локалните патишта и улици кое го врши фирмата ,,Урбан Десинг'' од Скопје, се очекува да заврши во следниве петнаесетина дена.
Вкупно ќе се санираат 1250 метри квадратни оштетувања на локалните улици и патишта.