Почетна


Повик за учество на манифестацијата „Преспански Јаболкобер 2017“


Во чест на Јаболкото и отпочнување на бербата на јаболка, Општина Ресен по 17-ти пат ја организира манифестацијата „Преспански Јаболкобер“, која опфаќа активности од областа на земјоделието, културата, туризмот, уметноста и спортот. Оваа најголема стопанско-културна манифестација е поврзана со празнувањето на Православниот христијански празник Крстовден и воедно претставува традиционален почеток на бербата на јаболката во Преспа.








 По повод годинешниот „Преспански Јаболкобер 201
7“, кој ќе одржи на Православниот христијански празник Крстовден, 27.09.2017 Општина Ресен ќе биде домаќин на бројни гости и официјални лица од различни држави, како и лица кои го остваруваат својот интерес во областа на јаболковото производство.

 

Манифестацијата ќе биде медиумски покриена од страна на националните електронски, печатени и интернет медиуми.

 

„Преспански Јаболкобер 2017“ е можност и простор каде и Вие можете да извршите презентација и реклама на Вашите производи и услуги.

 

Ќе ни претставува особена чест доколку и Вие бидете дел од овој настан.

Ве молиме Вашиот интерес за учество, како и идеите за Вашата промоција да ги доставите најдоцна до 15.09.2017 година.

 

Ќе ни претставува особена чест доколку и Вие бидете дел од овој настан.

Контакт: Крсте Мицалевски

Адреса : Плоштад Цар Самоил, Општина Ресен,

Тел.: 047/551-901;  Факс : 047/551-908                 е-mail krste.micalevski@resen.gov.mk