Почетна


Започна новата учебна година во Општина Ресен


Денеска по повод почетокот на новата учебна година , Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски изврши посета на ОУ Гоце Делчев, ОУ Мите Богоевски- Ресен како и на СОУ Цар Самоил во Ресен







На новите првачиња , Градоначалникот Стрезовски им посака топло добредојде и многу успех во текот на нивниот воспитно образовен пат. Според податоците на надлежните оваа учебна 2017/18 година на територијата на Општина Ресен вкупно се запишаа 123 првоодделенци во петте основни училишта во Преспа , како и 68 ученици во прва година во СОУ Цар Самоил во Ресен.