Почетна


ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ


Општина Ресен го дава следното известување за времен режим на сообраќај за време на оддржувањето на манифестацијата - Преспански Јаболкобер 2017









За време на оддржување на Преспанскиот јаболкобер 2017, на 27.09.2017 за време на оддржување на саемската презентација на земјоделска механизација и опрема во период од 08:00 до 14:00 часот се воспоставува времен режим на сообраќај за улицата Јосиф Јосифовски крак од крстосница со улица Наум Веслиевски до почетокот на улица 11-ти Октомври и илица 11-ти Октомври крак од крстосница со улица 29-ти Ноември до почеток на улица Јосиф Јосифовски. Имено, улицата Јосиф Јосифовски на крстосницата со улица Наум Веслиевски во насока на улица 11-ти Октомври ќе биде затворена за сообраќај на 27.09.2017 во временски период од 08:00 до 14:00 часот, а сообраќајот ќе биде пренасочен по улицата Наум Веслиевски. Исто така улицата 11-ти Октомври на крстосницата со улицата 29-ти Ноември во насока кон улицата Јосиф Јосифовски ќе биде затворена за сообраќај на 27.09.2017 во временски период од 08:00 до 14:00 часот, а сообраќајот ќе биде пренасочен по улицата 29-ти Ноември и улицата 11-ти Октомври во насока кон улицата Ленинова.