Почетна


Работни средби со месни заедници


Продолжуваат теренските активности на градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски и тимови од локалната администрација во функција на дефинирање на проблемите по населените места.







"Отворено и транспарентно работење и утврдување на проблемите на граѓаните, беше наша заложба, нагласена и во нашата програма за локалните избори"- рече синоќа градоначалникот Гошаревски, на средбата со жителите на Наколец, Крани и Арвати. ,,Во иднина, тоа ќе биде наша пракса која ќе претходи на донесувањето на секој нареден буџет. Давање приоритет на најгорливите проблеми"- продолжи Гошаревски.
Преостанатите тимови од Општина Ресен остварија работни средби со жителите на селата : Покрвеник, Волкодери, Прељубје, Шурленци, Перово, Златари, Сопотско, Претор, Асамати, Курбиново и Рајца.
Вечерва продолжуваат посетите на останатите населени места, по веќе објавениот распоред.

РАСПОРЕД ПО МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ КОИ ШТО ЌЕ БИДАТ ПОСЕТЕНИ ОД РАБОТНИТЕ ГРУПИ

1. Распоред за I работна група
1. Грнчари и Подмочани, 03.11.2017, во 17,30 часот, во с. Грнчари
2. Горна Бале Црква и Козјак, 03.11.2017, во 19.00 часот во с. Г.Б.Црква
3. Дрмени и Лавци, 04.11.2017 во 18,оо часот, во с. Дрмени

2. Распоред за II работна група, носител Никола Станковски
1. Болно, 03.11.2017, во 19,00 часот, во с. Болно

3. Распоред за III работна група
1. Штрбово, 03.11.2017, во 18,00 часот, во с. Штрбово
2. Љубојно, Долно Дупени и Брајчино, 03.11.2017, во 17,00 часот, во с. Љубојно

Image may contain: one or more people, table and indoor

Image may contain: 12 people, people smiling, indoor

Image may contain: 3 people, people smiling, people sitting

Image may contain: 3 people, people standing and indoor

Image may contain: 2 people, people standing and indoor