Почетна


Јавен Повик


До: Граѓанските здруженија, неформални групи, спортски клубови и културно-уметнички друштва








Согласно начелата за соработка и отворено и транспарентно работење, градоначалникот на Општина Ресен,  Живко Гошаревски и претседавачот на Советот на Општината, Никола Станковски ги повикуваат сите здруженија кои работат на територијата на
Oпштината, на заеднички работен состанок на 17.11.2017 година, во 19 часот во малата сала на Општината.

На состанокот ќе се разгледуваат можностите и идеите за подигнување на нивото на комуникација помеѓу општината и граѓанскиот сектор, како и можностите за евентуална финансиска подршка од страна на општината.