Почетна


Новогодишна честититка од градоначалникот на Општина Ресен


Градоначалникот на Општина Ресен , Живко Гошаревски на сите граѓани на Ресен и Преспа им ја честита Новата 2018-та година, со желби за добро здравје, среќа и благосостојба.







На Преспа и посакувам најмногу од се, ведри и насмеани ликови. Со сета сила ќе се трудам да помогнам да го вратиме сјајот на некогаш богатата и ведра Преспа. Сите заедно да се обидеме да го надминеме лошото и да го оставиме во минатото. Да ги свртиме 
погледите кон сегашноста и иднината. Преспа го заслужува тоа. 
Среќни празници и весела семејна атмосфера!

Со почит
Градоначалник на општина Ресен
Живко Гошаревски


Image may contain: 1 person, standing