Почетна


Работна средба со претставници од Европската асоцијација за територијална соработка ( ЕГТЦ) -Хеликас


Вчера Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски имаше работна средба со претставници од Европската асоцијација за територијална соработка ( ЕГТЦ) -Хеликас, групација во која членуваат земји членки на ЕУ.







Општина Ресен е вклучена во разговорите како општина која има веќе изграден систем за соработка околу заштита на Преспанското езеро со Р. Грција и Р. Албанија. На средбата, наши гости беа Панајотис Пасхалидис, градоначалник на Општина Преспа, Лефтерис Топалоглу преставник од Кожани, Јанис Анастасиадис, консултант од Солун и преставник на Општина Битола, Владимир Костурски. Идејната точка за оваа средба е со средства од европските фондови Преспа на туристичката карта да се пропагира како регион без граници, посетителот во овој регион да ужива подеднакво и во убавините на Преспа од македонскиот дел, но и во оној од грчка и албанска страна. Пограничните градови да изградат единствена туристичка понуда со што Преспа ќе се афирмира подалеку од границите на матичните држави.

Image may contain: 2 people, people standing, tree and outdoor

Image may contain: 4 people, people smiling, people sitting, table and indoor

Image may contain: 1 person, sitting and indoor

Image may contain: 5 people, people smiling, people standing and suit

хј