Почетна


Менторски сесии


Почитувани, во врска со објавениот Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (РеЛОаД) , Ве известуваме дека во наредиот период според планот на активности на донаторот се предвидени менториски сесии за сите граѓански организации.







Целта на менторските сесии  е преку консултации да им се помогне на организациите кои имаат намера  да аплицираат на јавниот повик, во проверка дали проектите се подготвени согласно со насоките од јавниот повик и да им се дообјаснат некои работи кои можеби не биле покриени со обуките,  а кои им се неопходни за да го подготват целосно проектот.  За општина Ресен и планирано е да се оддржат 4 менторски сесии и тоа за следните дати:

19.11.2018 (Понеделник)                                                                                                                  

20.11.2018 (Вторник)

27.11.2018 (Вторник) 

03.12.2018 (Понеделник)

 

Ги замолуваме сите Граѓански организации да се пријават намајлку три дена пред почетокот на секоја менторска сесија, и да наведат на која дата сакаат да учествуваат ( граѓанските организации може  да учествуваат на повеќе од една менторска сесија).  Точната дата за учество ни е потребна со цел менторката да може навремено да ги испланира своите посети по сите пет пилот општини од овој проект.

Пријавувањето за сесиите може да го извршите кај заменик координаторот за овој проект во општина Ресен,  Ружица Перевскаruzica.perevska@resen.gov.mk