Почетна


Свикана 20-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 20-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 15.11.2018 година (четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

 

              Ја свикувам 20-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 15.11.2018 година (четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

 

 

 

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за III квартал, Јануари – Септември  2018 година (со образложение).
  2. Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2018 година.
  3. Предлог – План на Програми за развој во Општина Ресен за 2019-2021 година.
  4. Предлог-Одлука за утврдување на потребата за донесување на  урбанистичко планската документација со цел вклопување на  бесправно изградениот на КП бр.1991 и КП бр.1992 во КО Брајчино, на барање на Крис Лаковски од с. Брајчино, Ресен.
  5. Предлог-Одлука за утврдување на потребата за донесување на  урбанистичко планската документација со цел вклопување на  бесправно изградениот КП бр.79 во КО Јанковец, на барање на Живе Симоновски од с. Јанковец, Ресен.
  6. Предлог-Одлука за утврдување на потребата за донесување на  урбанистичко планската документација со цел вклопување на  бесправно изградениот на КП бр.1120/1 во КО Евла, на барање на Наумче Ставрески од Ресен, ул. „Коле Неделковски“ бр.28.
  7. Предлог-Одлука за утврдување на потребата за донесување на  урбанистичко планската документација со цел вклопување на бесправно изградениот на КП бр.4018, КП бр.4019, КП бр.4020, КП бр. 4022 во КО Ресен вон градежен реон, на барање на Анкица Стрезовска од Ресен, ул. „Јосиф Јосифовски“ бр.8/1-1.
  8. Предлог-Одлука за утврдување на потребата за донесување на  урбанистичко планската документација со цел вклопување на  бесправно изградениот на КП бр.1961 во КО Брајчино, на барање на Стефан Чороловски од Битола, ул. „Пелистер“ бр.18.