Почетна

Промовирани четири проекти во рамките на ReLOaD

Општина Ресен заедно со уште четири општини е потписничка на меморандум за разбирање со постојниот претставник на УНДП и Делегацијата на ЕУ, во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD).

Општина Ресен заедно со уште четири општини потпишаа меморандум за разбирање со постојниот претставник на УНДП и Делегацијата на ЕУ, во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD).
Оваа програма, финансирана од Европската унија и кофинансирана од УНДП и од општината, овозможува поддршка на проекти од јавен интерес и подобрување на општинските услуги и квалитетот на живот за жителите на нашата општина.
Со овој проект граѓаните, преку граѓанскиот сектор,  имаа  можност да ги дефинираат приоритетите кон кои треба да се насочат буџетските средства на годишно ниво,  а со тоа директно да придонесат за поефикасно решавање на локалните проблеми што пак води кон брз напредок и развој.
По завршувањето на јавниот повик, од вкупно примени петнаесет предлог проекти, беше донесена одлука за одобрување и финансирање на четири предлог проекти и тоа:
1. Пчеларство – еколошки бизнис за младите, проект на организацијата Локална Акциона Група Преспа
2. Туристички саем во Преспа 2019, проект на Здружението против дискриминација Женска Солидарност Ресен, 
3. Општествена интеракција и економско зајакнување на младите, проект на Локалната Акциона Група Преспа, и
4. Рурален туризам – Можност за одржлив развој на локалната заедница, проект на Здружение на овоштари Благоја А. Котларовски.
Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, посочи дека проектите опфаќаат различни дејности, како што се сектор за туризам, пчеларство, земјоделие и други дејности.
-Дозволете ми да посакам успешна соработка помеѓу граѓанските организаци, општина Ресен и донаторите УНДП и ЕУ и успешна имплементација на проектните активности.Се надевам дека  наредниот циклус кои ни претстои ќе биде уште поуспешен  и дека граѓаните на општина Ресен ќе бидат задоволни и ќе ги почуствуваат придобивки од имлементацијата на проектите,  во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD). Преку овој проект, со транспарентност, јавност и инклузивност и создавање на партнерски однос со граѓанските организации се зголеми довербата меѓу општината и граѓанските организации. Воедно, ќе се зајакнат капацитетите и на граѓанските организации, но и на општинската администрација и ќе се креираат политики и процедури кои ќе се користат и во иднина- истакна градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски на промоцијата на одобрените проекти во канцелариите на UNDP.
Од Буџетот на општина Ресен, ќе бидат исплатени вкупно 638.172,00 денари  за кофинансирање на овие 4 проекти, односно 20% од вкупната вредност на проектите.