Почетна


Објавен тендер за реконструкција на улици


Денес, oпштина Ресен објави тендер за започнување на проектот „Реконструкција на улици во градот Ресен“ по пат на задолжување во МСИП 2“ со заем од Светска опфаќа реконструкција и асфалтирање на локални улици во во централното градско порачје со вкупна должина од 2081.65 метри







Со овој проект се предвидува реконструкција на улицата „11-ти Октомври„ со вкупна должина од 763.86 метри,

улицата „29-ти Ноември“ во должина од 1061.95 метри и улицата „Таше Милошевски“ во должина од 255.84 метри.

За потребната реконструкција се утврдуват средства во вкупен износ од 29.594.838 денари а плаќањето ќе биде извршено од Буџетот на Општина Ресен.

Договорот за јавна набавка на работи се доделува со спроведување на постапка преку Национално наддавање што е специфицирано во Упаството на Светска Банка.

Согласно техничката документација се предвидува рекострукција и асфалтирање на улиците со што се опфаќа коловозната конструкција и бетонските рабници, како и сите неопходни активности кои ќе се реализираат во функција на квалитетно асфалтирање.

Предложеното техничко решение обезбедува долгорочно подобрување на локалните улици преку максимизирање на техничкиот живот на површината, со што ќе се задоволат потребите на заедницата и потенцијалните туристи во Општината Ресен.

Основната цел на проектот е да се придонесе кон подобар квалитет на живот на граѓаните во Општина Ресен, а во исто време и унапредување на инфраструктурата во функција на развој на туризмот.