Почетна


Свикана 28-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 28-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 12.04.2018 година (петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.






Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

 

 

 

              Ја свикувам 28-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 12.04.2019 година (петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот

 

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

                                 - Усвојување на записникот од 26-та седница

                             - Усвојување на записникот од  27-та Вонредна седница         

 

 

1.    Предлог – Одлука за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средното образование на подрачјето на Општина Ресен.

2.    Предлог – Одлука за отстапување  и пренесување на правото на сопственост  на патничко  моторно возило на ЈКП „ Пролетер“ Ресен.

3.    Предлог – Програма за измена и дополна на програмата Ф – Урбано планирање Ф10 - Урбанистичко планирање изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2019 година.

4.    Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за пристапување кон донесување на УПВНМ  ЛЕЈКВЈУ  за изградба на хотелски комплекси и мали комерцијални и деловни намени  КП119 м.в.,,Воденица ,, и КП 37/2 м.в.Дебела Шума КО Отешево; (за изградба на објекти со намена Б1,Б5,В2,Д1,Д2,) Општина Ресен.

5.    Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за пристапување кон донесување на ЛУПД  за  Изградба на објект за производство на електрична енергија- фотоволтаична централа на КП бр.4562, КП бр.4560, КП бр.4559/1 и КПбр.4559/2 м.в.,, Црвен,, КО Ресен со намена Е2 (супраструктура) Општина Ресен.

 

6.    Предлог – Одлука за за учество во спроведување на проектот „ Јакнење на културно- туристичките производи во прекуграничната област преку промоција на природнито и културното наследство “ Краток наслов - „Светите води“.

7.    Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителски објекти на подрачјето на Општина Ресен.

8.    Програми за изведување на екскурзии во трето, шесто и деветто одделение и пролетни еднодневни излети за учениците во учебната 2018/2019 година во ОУ,,Славејко Арсов’’- с. Подмочани.

9.    Програми за изведување на екскурзии во трето, шесто и деветто одделение за учениците во учебната 2018/2019 година во ОУ,,Мите Богоевски’’- Ресен.

10. Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на  Пелагонискиот плански регион за 2018 година.

11. Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион од страна на Центарот за развој  Пелагонискиот плански регион за 2018 година.

Советнички прашања.