Почетна


Еколошка акција на општина Ресен и ЈКП „Пролетер“


Во координација со општина Ресен, ЈКП „Пролетер“ имаше повеќе еколошки акции низ целиот регион.

Исчистена е дивата депонија на левата страна на патот Ресен- Царев Двор кај антената на К-16. Исто така е изнесена и дивата депонија кај триаголникот на патот за Г. Дупени а изнесен е и отпадот од дивата депонија до патот Макази- Претор.

Акцијата ќе продолжи и во наредните денови.