Почетна


Општина Ресен обезбеди опрема за пожарникарите


По иницијатива на градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, од буџетски средства е набавена опрема за пожарникарите од тереторијалната противпожарна единица.


Опремата која долги години на назад беше дефицитарна и не беше набавена, се состои од панталони, два пара маици и професионални  полувисоки чевли и истите ќе се за секој дневна употреба.

Во тек е и набавката на професионални комбинизони за пожар на отворен простор, пожарникарски ракавици и чизми со што драстично ќе се зголеми безбедноста на пожарникарите.