Почетна


Соопштение


Во врска со претстојната прва фаза од превентивна систематска дезинсекција за уништување на комарците на подрачјето на општина Ресен.

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Ресен за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Ресен, како општа против епидемиска мерка, Општина Ресен го издава следново соопштение: Се известуваат граѓаните на подрачјето на општина Ресен дека на ден 29.07.2020 година (среда) ќе се спроведува ПРВАТА ФАЗА од теритистичката (од земја) дезинфекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20.00 часот, со апаратура на УЛВ ладно запрашување поставено на пикап возило, со претходница на друго возило означено со ротационо светло.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на Општината, крајбрежното подрачје со посебен осврт на туристичките локалитети, Царина, Отешево, Сирхан, Асамати, Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени и селата: Стење, Езерани, Долно Перово, Подмочани, Грнчари, Асамати, Штрбово, Наколеец, течението на реките Брајчинска, Кранска, Голема Река и колекторскиот систем во село Езерани, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Ресен, локалитети со застојни водени површини и сите урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Во случај на појава на неповолни времески услови (дожд, ветар) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.