Почетна


ОБЈАВА


Согласно Договор за грант бр. 09-1655/1 од 18.09.2020 год., склучен помеѓу 1) Фондот за природа „Преспа – Охрид“ („ПОНТ“) и општина Ресен, и согласно активностите и мерките во тој Договор, Општина Ресен објавува повик за ангажирање на две лица: Стручен соработник за физички и хемиски истражувања и Стручен соработник за биолошки истражувања







ОБЈАВА

Согласно Договор за грант бр. 09-1655/1 од 18.09.2020 год., склучен помеѓу:

1)      Фондот за природа „Преспа – Охрид“ („ПОНТ“), фондација (Стифтунг) основана според законите на Хесен, Германија; и

2)      Општината Ресен, како управувач со Споменикот на природата „Преспанско Езеро“ и Паркот на природата „Езерани“,

и согласно активностите и мерките во тој Договор, Општина Ресен објавува повик за ангажирање на две лица:

  1. Стручен соработник за физички и хемиски истражувања и
  2. Стручен соработник за биолошки истражувања

кои ќе бидат со договор преку Агенција за вработување за месеците ноември и декември 2020 год. (со можност за продолжување на договорите, зависно од покажаните резултати).

            Ангажираните лица ќе имаат работно време од 40 часа неделно, од 8 до 16 часот според Законот за работни односи. Работата ќе се извршува во просториите на општина Ресен во Ресен, Мониторинг Станицата за Преспанско Езеро во Стење и на терен во Споменикот на природата „Преспанско Езеро“ и Паркот на природа „Езерани“ и пошироко во сливот на Преспанско Езеро. Месечниот надомест согласно потпишаниот Договор ќе изнесува 25900 ден. личен нето доход.

Избраните лица – Стручен соработник за физички и хемиски истражувања и Стручен соработник за биолошки истражувања ќе бидат ангажирани за извршување на следните работни задачи:

Стручен соработник за физички и хемиски истражувања

  1. Спроведување на програмата за мониторинг за Споменикот на природата „Преспанско Езеро“ и Паркот на природа „Езерани“ во делот на хемиски истражувања:

-          учество во изработка на детален план за работа на Мониторинг Станицата за Преспанско Езеро во Стење за периодот ноември-декември 2020, согласно програмата за мониторинг за Споменикот на природата „Преспанско Езеро“ и Паркот на природа „Езерани“;

-          вршење на теренски мерења и земање на примероци за лабораториска анализа од Преспанско езеро и неговиот слив (два пати месечно, ноември и декември);

-          вршење на хемиски анализи на земените примероци во лабораторија

-          подготовка на извештаи од извршените хемиски анализи, интерпретација на резултатите и споредба со резултатите од претходни анализи.

  1. Учество во програмата за обука за спроведување на мониторинг теренски активности од Хидробиолошки завод – Охрид:

-          учество во предавања и презентации од програмата за обука на Хидробиолошки завод Охрид (теоретскиот дел);

-          учество во тековните теренски истражувања на Хидробиолошки завод Охрид за состојбата со водните екосистеми (Преспанско Езеро и неговото сливно подрачје) и биолошката разновидност (практичен дел);

-          учество во лабораториски вежби за хемиски анализи (практичен дел).

  1. Административни задачи поврзани со управувањето на Споменикот на природата „Преспанско Езеро“ и Паркот на природа „Езерани“:

-          придонес во подготовката на оперативниот план за 2021 за Споменикот на природата Преспанско Езеро и Паркот на природа Езерани;

-          придонес во подготовката на апликација за 3-годишен грант до ПОНТ;

-          придонес во подготовката на извештај за спроведување на тековниот грант од ПОНТ.

Стручен соработник за биолошки истражувања

  1. Спроведување на програмата за мониторинг за Споменикот на природата „Преспанско Езеро“ и Паркот на природа „Езерани“ во делот на биолошки истражувања:

-          учество во изработка на детален план за работа на Мониторинг Станицата за Преспанско Езеро во Стење за периодот ноември-декември 2020, согласно програмата за мониторинг за Споменикот на природата „Преспанско Езеро“ и Паркот на природа „Езерани“;

-          вршење на теренски мерења и земање на примероци за лабораториска анализа од Преспанско езеро и неговиот слив (два пати месечно, ноември и декември);

-          вршење на биолошки анализи на земените примероци во лабораторија

-          подготовка на извештаи од извршените биолошки анализи, интерпретација на резултатите и споредба со резултатите од претходни анализи.

  1. Учество во програмата за обука за спроведување на мониторинг теренски активности од Хидробиолошки завод – Охрид:

-          учество во предавања и презентации од програмата за обука на Хидробиолошки завод Охрид (теоретскиот дел);

-          учество во тековните теренски истражувања на Хидробиолошки завод Охрид за состојбата со водните екосистеми (Преспанско Езеро и неговото сливно подрачје) и биолошката разновидност (практичен дел);

-          учество во лабораториски вежби за биолошки анализи (практичен дел).

  1. Административни задачи поврзани со управувањето на Споменикот на природата „Преспанско Езеро“ и Паркот на природа „Езерани“:

-          придонес во подготовката на оперативниот план за 2021 за Споменикот на природата Преспанско Езеро и Паркот на природа Езерани;

-          придонес во подготовката на апликација за 3-годишен грант до ПОНТ;

-          придонес во подготовката на извештај за спроведување на тековниот грант од ПОНТ.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  1. Стручен соработник за физички и хемиски истражувања

-          висока стручна спрема од областа на хемијата (VII/1, VII/2 или VIII);

-          познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          познавање на Англиски јазик;

-          одлична усна и писмена комуникација;

-          претходно работно искуство на слични позиции и работа на релевантни проекти ќе се смета за предност.

  1. Стручен соработник за биолошки истражувања

-          висока стручна спрема од областа на биологијата/ (VII/1, VII/2 или VIII);

-          познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          познавање на Англиски јазик;

-          одлична усна и писмена комуникација;

-          претходно работно искуство на слични позиции и работа на релевантни проекти ќе се смета за предност.

Заинтересираните кандидати, до Општина Ресен, треба да поднесат:

  • Писмо за мотивација
  • Диплома за соодветно завршено образование, и
  • CV.

Дополнителните документи согласно законската регулатива ќе се достават по извршувањето на изборот на кандидатите.

Документите да се достават до Општина Ресен (Архива на Општина Ресен) или на адреса Плоштад Цар Самоил број 20 Ресен, со назнака за Објава од Сектор за животна средина, најкасно до 26.10.2020 год.

Сите апликации ќе бидат внимателно разгледувани од страна на независна и стручна комисија формирана од страна на Градоначалникот на Општина Ресен. Подобните кандидати ќе бидат поканети на интервју кое дополнително ќе биде закажано.