Биографија






Д-р Ѓоко Стрезовски е роден на 27.01.1964 година во Ресен.
Неговиот мандат започна на 11.04.2013 после победата во вториот круг на локалните избори.

Оженет е со сопругата Соња и има син Антонио.
Основно и средно образование завршил во Ресен, а дипломирал на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Магистер е по менаџмент на образование, магистрирал на ПФБ при Универзитетот "Св. Климент Охридски" во Битола, каде што и докторира. 
Автор е на повеќе стручни и научни трудови од областа на криминалистиката, односите со јавноста и образованието. 
Во професионалната кариера, меѓудругото, бил директор и главен и одговорен уредник на Центарот за печат и радио-Ресен, директор и главен и одговорен уредник на информативниот магазин "Балканска газета", виш советник во кабинетот на Министерот за внатрешни работи, началник на ОВР Ресен, а до кандидирањето за градоначалник беше портпарол на СВР Битола.
Во периодот од 1996-2000 година бил советник во Советот на Општина Ресен, каде извесен период бил координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Четири години бил потпретседател и исто толку претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Ресен. Девет години бил член на ЦК ВМРО-ДПМНЕ и делегат на четири Конгреси на ВМРО-ДПМНЕ.
Познат е и како спортист и спортски работник. Играл фудбал во Ф.К "Преспа" и Ф.К. "Братство" од Ресен, а најголемиот дел во спортската кариера ја поминал како ракометар на Р.К. "ШИП Преспа" и Р.К. "Јафа-промет" од Ресен, каде бил долгогодишен капитен. Шест години бил ракометен судија, а денес е технички директор на Ф.К. "Преспа".
Претседател е на Секторот-Битола на International Police Association.
Потпретседател е на регионалното здружение на друштвата за Македонско – Руско пријателство.