Информации


Свикана 58-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 58-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 31.01.2017 година (вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.







Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Oпштина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015) донесувам

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

 

              Ја свикувам 58-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден  31.01.2017 година (вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

 

             За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

 

 

1.    Извештај за работата на Советот на Општина Ресен за 2016 година.

2.    Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за IV квартал, Јануари – Декември  2016 година (со образложение).

3.    Квартален извештај за задолжување на Општина Ресен и Јавните претпријатија основани од Општина Ресен за IV квартал, Јануари – Декември  2016 година.

4.    Предлог – Одлука за одредување на вредноста на градежно неизградено земјиште за градот Ресен и селата во Општина Ресен и за одредување на вредноста на земјоделското земјиште по катастарски општини.

5.    Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движна ствар – мал багер на ЈКП ,,Пролетер’’ – Ресен.

6.    Извештај за работата на Одделението за инспекциски надзор -инспекторат за 2016 година.

7.    Годишен извештај за работата на ТППЕ Ресен во 2016 година.

8.    Програми за изведување на екскурзии во трето, шесто и деветто одделение во учебната 2016/2017 година во ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен.

Советнички прашања.