Информации


Свикана 59-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 59-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 28.02.2017 година (вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.


Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Oпштина Ресен (,,Службен
гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015) донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

 

              Ја свикувам 59-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден  28.02.2017 година (вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

1.    Квартален извештај за ненамирени обврски на Општина Ресен                       (Со образложение) за IV квартал Јануари-Декември 2016 година.

2.    Годишен извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Ресен во 2016 година.

3.    Извештај за реализирани урбанистички планови во Општина Ресен во 2016 година.

4.    Програми за изведување на екскурзии во трето, шесто и деветто одделение во учебната 2016/2017 година во ОУ,,Славејко Арсов,,-с.Подмочани.

5.    Извештај за реализација на програмата за одржување на комунална хигиена за 2016 година.

6.    Извештај за реализација на програмата за уредување и одржување на градските гробишта во Ресен за 2016 година.

    7.Советнички прашања.