Информации


Свикана 60-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 60-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 14.03.2017 година (вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Oпштина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015) донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

              Ја свикувам 60 - та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден  14.03.2017 година (вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

 

             За седницата се предлага следниот

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

 

1.    Финансиски извештај по завршна сметка за 2016 година на СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен.

2.    Финансиски извештај по завршна сметка за 2016 година на ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен.

3.    Финансиски извештај по завршна сметка за 2016 година на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен.

4.    Финансиски извештај по завршна сметка за 2016 година на ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с. Царев Двор.

5.    Финансиски извештај по завршна сметка за 2016 година на ОУ ,,Димитар Влахов’’ – с.Љубојно.

6.    Финансиски извештај по завршна сметка за 2016 година на ОУ ,,Славејко Арсов’’ – Подмочани.

7.    Финансиски извештај по завршна сметка за 2016 година на ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен.

8.    Програмски и Финансиски извештај на Општинска Установа Дом на култура ,,Драги Тозија’’ – Ресен за 2016 година.

9.    Извештај по Годишна сметка на ЈКП ,,Пролетер’’ Ресен за 2016 година.

10. Годишна (завршна) сметка на Буџетот на Општина Ресен за 2016 година.

11. Годишен извештај по годишна сметка на Буџетот на Општина Ресен за 2016 година.

12. Програми за изведување на екскурзии во трето, шесто и деветто одделение и излет во прво до деветто одделение во учебната 2016/2017 година во ОУ,,Димитар Влахов,,- с. Љубојно.

13. Програми за изведување на екскурзии во шесто и деветто одделение во учебната 2016/2017 година во ОУ,,Гоце Делчев,,- Ресен.

14. Програми за изведување на екскурзии во шесто и деветто одделение во учебната 2016/2017 година во ОУ,,Браќа Миладиновци,,- с. Царев Двор.

Советнички прашања.