Информации


Свикана 61-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 61-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 18.04.2017 година (вторник) во 10:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен



    
     

Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Oпштина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015) донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

              Ја свикувам 61-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 18.04.2017 година (вторник) во 10:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

 

             За седницата се предлага следниот

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

 

1.    Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за I квартал, Јануари – Март  2017 година (со образложение).

2.    Квартален извештај за ненамирени обврски на Општина Ресен (Со образложение) за I квартал Јануари-Март 2017 година.

3.    Квартален извештај за задолжување на Општина Ресен и Јавните претпријатија основани од Општина Ресен за I квартал, Јануари – Март  2017 година.

4.    Предлог – Одлука за ко-финансирање на Општина Ресен за вршење на ревизија на проектна документација на Основниот проект на Инсталациите за управување со отпад на Пелагонискиот регион во рамките на проектот: “Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион EuropeAid/136347/IH/ЅR/МК„ финансиски поддржан преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) - Оперативна програма за регионален развој 2007-2013 (ОПРР 2007-2013), компонента 3 и Министерството за животна средина ипросторно планирање.

 

5.    Извештај за работа на Секторот за животна средина за период 01.01.2015 – 31.12.2016.

6.    Програма од блок дотации за 2017 година на Дом на култура ,,Драги Тозија’’ – Ресен.

7.    Шестмесечен извештај за безбедносната состојба на подрачјето на Општина Ресен за периодот од 01.07.2016 до 31.12.2016 година.

8.    Годишен план за вработување за 2017 година на Општина Ресен.

9.    Годишен план за вработување за 2018 година на Општина Ресен.

    10.Советнички прашања.