Информации


Соопштение од МЗШВ


Рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството е започнат од 03 Јули а ќе трае до 15 Септември 2017 година








Сите заинтересирани земјоделци можат сами да поднесат барање за директни плаќања преку Е – БАРАЊЕ кое е поставено на страната на Агенција за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој а можат и преку нас во подрачните единици ,земјоделците (кои не се во можност сами да си креират барање) барање во пропишаниот рок но не покасно да поднесат барање техничка помош најдоцна до 30 Август 2017 година.

 

Барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи, а  врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни исто како и претходната година.

 Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат податоците со принт на неофицијално барање  и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.

 

Со почит ,

 

МЗШВ  ПЕ РЕСЕН