Информации


Свикана 65-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 65-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 27.07.2017 година (Четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен

Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Oпштина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015) донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

              Ја свикувам 65-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 27.07.2017 година (Четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

 

             За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

 

  1. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за основање на Центар за развој на Пелагонискиот плански регион.

  2. Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителски објекти на подрачјето на Општина Ресен за време на одржување на манифестацијата „Преспа Урбан фест “ 2017 година.

  3. Информација за состојбата со спортот во Општина Ресен за 2016 година.

  4. Информација за спроведените активности по Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Ресен за 2017 година.

Советнички прашања.