Информации


Свикана 66-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 66-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 31.08.2017 година (Четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен

Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Oпштина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015) донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

              Ја свикувам 66-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 31.08.2017 година (Четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

 

             За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

 

  1. 1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за II квартал Јануари- Јуни 2017 година (со образложение).

  2. 2. Квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Ресен  за II квартал Јануари- Јуни 2017 година (со образложение)

  3. 3. Квартален извештај за задолжување на Општина Ресен и Јавните претпријатија основани од Општина Ресен за II квартал Јануари- Јуни 2017 година.

  4. 4. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во ОУ ,,Мите Богоевски’’ - Ресен за учебната 2017/2018 година.

  5. 5. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во ОУ ,,Гоце Делчев’’ - Ресен за учебната 2017/2018 година.

  6. 6. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во ОУ ,,Славејко Арсов’’ – с. Подмочани за учебната 2017/2018 година.

  7. 7. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во ОУ ,,Димитар Влахов’’ – с. Љубојно за учебната 2017/2018 година.

  8. 8. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с. Царев Двор за учебната 2017/2018 година.

  9. 9. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во СОУ ,,Цар Самоил’’ - Ресен за учебната 2017/2018 година.

  10. 10. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за начинот на користење и определување висината на надоместокот за услугите на Мониторинг Центарот во с. Стење.

  11. 11. Предлог – Програма Ф – Урбано планирање Ф10 – Урбанистичко планирање Измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2017година.

  12.  12. Предлог – Одлука за донесување на Локално урбанистичка планска документација за изградба на објекти од класа на намена Б5-хотелски комплекси на КП194/4 и КП194/8 КО Шурленци, Општина Ресен.

  13. 13. Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за пристапување кон донесување на Локално Урбанистичка планска документиција за изградба на објекти од класа на намена Б5-хотелски комплекси на КП 603  КО Сливница, Општина Ресен.

  14. 14. Предлог – Одлука за организирање и реализирање на манифестацијата  ``Преспански јаболкобер 2017``.

15. Советнички прашања.