Информации


ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗВЕДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА


Општина Ресен објавува ЈАВЕН ПОВИК Јавна набавка за прибирање на понуди За изградба на крак за фекална канализација во населба Пролет-Ресен и негово поврзување со постојниот колектор, изградба на краци за фекална канализација во село Дрмени и негово поврзување со постојниот колектор и изградба на атмосферска канализација на дел од ул. „29-ти Ноември“-Ресен (Нова Слога)

SDC_RGB_hoch_pos               

ОПШТИНА РЕСЕН

                                                                                                                                          

                                                                                                  

                                                                                                       

Врз основа на Договорот меѓу Општина Ресен и Швајцарската Конфедерација застапена од Федералниот оддел за надворешни работи со реализација преку Швајцарската Амбасада во Република Македонија/Швајцарска Агенција за развој и соработка за реализација на Проектот за реставрација на екосистемот на Преспанското Езеро, Општина Ресен објавува

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

Јавна набавка за прибирање на понуди

За изградба на крак за фекална канализација во населба Пролет-Ресен и негово поврзување со постојниот колектор, изградба на краци за фекална канализација во село Дрмени и негово поврзување со постојниот колектор и изградба на атмосферска канализација на дел од ул. „29-ти Ноември“-Ресен (Нова Слога)

     

реф.бр.Т.Д. 1.7.1-3/2017

 

 

Во рамките на проектот за Реставрација на екосистемот на Преспанско Езеро една од активностите претставува спроведување на мали инфраструктурни проекти, кои ќе допринесат кон подобрување на системите за управување со отпадни води и спречување на внесување на остатоци од отпад во Преспанското Езеро и неговите притоки. Малите инфраструктурни проекти се засновани на специфичните приоритети на заштита на животната средина во регионот и подобрување на квалитетот на локалното население.

 

Право да достават понуда имаат сите заинтересирани домашни и странски правни - понудувачи, кое се регистрирани за вршење на дејноста поврзана со предметот на повикот.

 

                Подигањето на тендерската документација може де биде лично од Општина Ресен или по електронски пат.

 

            Лице за контакт: Тони Јовановски, раководител на Сектор за урбанизам, комунални работи, локален економски развој и прекугранична соработка. Маил адреса: toni.jovanovski@resen.gov.mk.