Информации


Посета на месни заедници


Согласно постулатите за јавност и транспаретност во работењето на локалната власт, почитување на потребите на граѓаните на Општина Ресен, најавени во Програмата за локалните избори, а во пресрет на подготовката на Буџетот на Општината за 2018-та година, градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски со својот тим ќе ги посети сите месни заедници, со цел утврдување на приоритетите и проектите, на кои треба да им се даде примат.








Се повикуваат сите граѓани на долунаведените месни заедници, да присуствуваат на средбите и да земат активно учество во креирањето на локалната политика, со цел
подигнување на степенот на соработка меѓу граѓаните и локалната власт, но и подобрување на квалитетот на животот во средината од која доаѓаат.

Во продолжение следува распоредот за посети по населени места:

 

1.            Распоред за I работна група

1.            Царев Двор и Езерени, 01.11.2017 во 18,00 часот во с. Царев Двор

2.            Дрмени и Лавци, 04.11.2017 во 18,оо часот, во с. Дрмени

3.            Крани и Арвати, 02.11.2017, во 17,30, во с. Крани

4.            Наколец, 02.11.2017, во 19,00 часот, во Наколец

5.            Грнчари и Подмочани, 03.11.2017, во 17,30 часот, во с. Грнчари

6.            Горна Бeлa Црква и Козјак, 03.11.2017, во 19.00 часот во с. Г.Б.Црква

 

2.            Распоред за II работна група

1.            Стење, 01.11.2017, во 18,00 часот, во с. Стење

2.            Покрвеник, Волкодери, Прељубје и Шурленци, 02.11.2017, во 18,00 часот, во с.  

3.            Перово, 02.11.2017, во  19,00 часот, во с. Перово

4.            Болно, 03.11.2017, во 19,00 часот, во с. Болно

 

3.            Распред за III работна група,

1.            Лева Река, Крушје и Избишта, 01.11.2017, во 18,00 часот, во с. Избишта

2.            Златари, 02.11.2017, во 17,30 часот, во с. Златари

3.            Сопотско, 02.11.2017, во 19,00 часот, во с. Сопотско

 

 

4.            Распоред за IV работна група

 

1.            Претор, Асамати, Курбиново и Рајца, 02.11.2017, во 17,00 часот, во с. Претор

2.            Шрбово, 03.11.2017, во 18,00 часот, во с. Штрбово

3.            Љубојно, Долно Дупени и Брајчино, 03.11.2017, во 17,00 часот, во с. Љубојно

 

Месните заедници кои што не се на во горенаведениот распоред, дополнително ќе бидат информирани за датумот и времето кога ќе бидат посетени.