Информации


Свикана 7-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 7-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 31.01.2018 година (среда) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен





Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен   (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

 

                                                                 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

 

              Ја свикувам 7-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден  31.01.2018 година (среда) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

 

             За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

 

 

1.    Предлог - Програма за работа на Совет на Општина Ресен за 2018 година.

 

2.    Предлог - Одлука за намера за реализација на проект за подобрување на нивото и квалитетот на општинските услуги - “Реконструкција, употреба и одржување на улици во градот Ресен“ по пат на задолжување во МСИП2.

 

3.    Предлог - Одлука за давање на трајно користење на недвижна ствар.

 

4.    Предлог – Одлука за утврдување на работното време на Јавната општинска установа за деца - Детска градинка “ 11 ти Септември“ Ресен.

 

5.    Предлог – Одлука за давање  на  согласност на Одлуката за формирање на нова воспитно – образовна хертерогена група на возраст од 3 години до поаѓања во училиште во ЈОУДГ „11 ти Септември “ Ресен.

 

6.    Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Покрвеник, општина Ресен за кое нема урбанистички план.

 

7.    Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Волкодери, општина Ресен за кое нема урбанистички план.

 

8.    Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Шурленци, општина Ресен за кое нема урбанистички план.

 

9.    Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката на ЈКП,,Пролетер’’ – Ресен за утврдување на цена за водна услуга ,,снабдување со вода за пиење-водоснабдување’’, согласно која давателот на услугата ќе ја врши спрема крајните корисници во подрачјето каде истата се обезбедува и тоа во периодот од 2018-2020 година.

 

10. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката на ЈКП,,Пролетер’’ – Ресен за утврдување на цена за водна услуга ,,прочистување на отпадни води’’, согласно која давателот на услугата ќе ја врши спрема крајните корисници во подрачјето каде истата се обезбедува и тоа во периодот од 2018-2020 година.

 

11. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката на ЈКП,,Пролетер’’ – Ресен за утврдување на цена за водна услуга ,,собирање и одведување на урбани отпадни води’’, согласно која давателот на услугата ќе ја врши спрема крајните корисници во подрачјето каде истата се обезбедува и тоа во периодот од 2018-2020 година.

 

12. Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ ,,11 ти Септември’’ – Ресен.

 

13. Решение за разрешување и именување на членови во Одборот за контрола на материјално-финансиско работење на ЈКП „Пролетер’’ – Ресен.

 

14. Предлог – Одлука за  одобрување на финансиска помош на лицето Севда Дафтова од Ресен.

 

15. Предлог – Одлука за  одобрување на финансиска помош на лицето Нусрет Зекманов од Ресен.

 

16. Предлог – Одлука за  одобрување на финансиска помош на лицето Варол Алче од Ресен.

 

17. Информација за исплата на плати и други надоместоци за период од 2009 – 2017 година.

 

18. Информација за состојбата со долгот на Општина Ресен со состојба од 20.10.2017 година.

 

19. Информација за дел од состојбите во областа на основното образование на Општина Ресен.

 

20. Информација за трошоците за репрезентација за период од 2013-2017 година.

 

21. Извештај за функционирањето на системот за јавно осветлување.

 

22. Советнички прашања.