Информации


Свикана 17-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 17-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 24.09.2018 година (понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен





Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

 

              Ја свикувам 17-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден  24.09.2018 година (Понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

 

 

1.    Предлог - Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2018 година.

2.    Предлог – Одлука за доделување општински награди и признанија.

3.    Решение за именување членови во заедничката комисија за воспоставување на меѓуопштинска соработка со Општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци.

4.    Предлог – Одлука за зутврдување на потребата за донесување на  урбанистичко планската документација со цел вклопување на  бесправно изградениот КП бр.767/1 во КО Стење, на барање на Александар Мусалевски од Скопје, ул. „Јуриј Гагарин“ бр.71Б и Билјана Пендовска од Скопје, ул. „Јуриј Гагарин“ бр.71Б.

5.    Предлог – Одлука за утврдување на потребата за донесување на  урбанистичко планската документација со цел вклопување на  бесправно изградениот КП бр.103 и на КП бр.74 во КО Козјак, на барање на Тахир Шакир од Скопје, Фатмир Шакири од Скопје и Васви Шакири од Скопје.

6.    Решение за разрешување и именување на член во Училишен одбор на ОУ „Браќа Миладиновци„ –с.Царев Двор.

7.    Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Мите Богоевски’’ - Ресен во учебната 2018/2019 година.

8.    Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Гоце Делчев’’ - Ресен во учебната 2018/2019 година.

9.    Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ - с. Царев Двор во учебната 2018/2019 година.

10. Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Славејко Арсов’’ - с. Подмочани во учебната 2018/2019 година.

11.  Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Димитар Влахов’’ - с. Љубојно во учебната 2018/2019 година.

12.  Програма за изведување на излет во учебната 2018/2019 година во ОУ ,,Славејко Арсов’’ - с. Подмочани.

13.  Програма за изведување на излет во учебната 2018/2019 година во ОУ ,,Димитар Влахов’’ - с. Љубојно.

14. Годишен извештај  за работата на   СОУ ,,Цар Самоил’’ - Ресен во учебната 2017/2018 година.

15.  Годишна програма  за работа на   СОУ ,,Цар Самоил’’ - Ресен во учебната 2018/2019 година.

16.  Годишен извештај  за работата на ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен во учебната 2017/2018 година.

17. Годишна програма за работата на ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен 2018/2019.

18. Предлог – Одлука за давање согласност за зголемување на бројот на деца во воспитни групи во ЈОУДГ ,,11 Септември’’ -  Ресен.

19. Предлог – Одлука  за давање  на  согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација во ЈОУДГ ,,11-ти септемвриРесен.

20. Предлог – Одлука  за давање  на  согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ ,,11-ти септемвриРесен.

21.Советнички прашања.