Информации


Свикана 23-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 23-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 26.12.2018 година (среда) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.






Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

 

              Ја свикувам 23-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 26.12.2018 година (среда) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

                          - Усвојување на записникот од претходната седница        

 

 

  1. Предлог – Буџет на Општина Ресен за 2019 година.

 

  1. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општина Ресен за 2019 година.

 

  1. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници во Општина Ресен за 2019 година.

 

  1. Предлог – Одлука за утврдување на висината на благајничкиот максимум за 2019 година.

 

Предлог – Одлука за утврдување на потребата за донесување на  урбанистичко планската документација со цел вклопување на  бесправно изградениот објект на КП бр.782/2 во КО Долно Дупени, на барање на Дејан Димовски од Скопје, ул. „Анкарска“ бр.29А-14.