Информации


Свикана 35-та седница на Советот на Општина Ресен


Свикана 35-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 27.08.2019 година (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен

Врз основа на член 27 од  Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница  на Совет на Општина Ресен

              Ја свикувам 35-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден  27.08.2019 годинa (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот:

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

-Усвојување на записникот од 34 седницa

  1. Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за збратимување на Општина Ресен со Општина Бар – Република Црна Гора.
  2. Предлог – Одлука за дислокација на опрема од градскиот пазар поради изведба на градежни работи за реконструкција и модернизација на регионален пазар во Ресен.
  3. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на финансиско учество во реализација на проектот „Реконструкција на локален пат од с. Дрмени до с. Лавци, Општина Ресен “.
  4. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за II квартал, Јануари – Јуни  2019 година.
  5. Годишен извештај за работата на ОУ,,Мите Богоевски’’ – Ресен за учебната 2018/2019 година.
  6. Годишен извештај за работата на ОУ,,Гоце Делчев’’ – Ресен за учебната 2018/2019 година.
  7. Годишен извештај за работата на ОУ,,Славејко Арсов’’ – с. Подмочани за учебната 2018/2019 година.
  8. Годишен извештај за работата на ОУ,,Димитар Влахов’’ – с. Љубојно за учебната 2018/2019 година.
  9. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен за учебната 2019/2020 година.
  10. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен за учебната 2019/2020 година.
  11. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с.Царев Двор за учебната 2019/2020 година.
  12. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ОУ ,,Славејко Арсов’’ - с.Подмочани за учебната 2019/2020 година.

13. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици ОУ ,,Димитар Влахов’’ - с. Љубојно за учебната 2019/2020 година.

  1. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во СОУ ,,Цар Самоил’’ - Ресен за учебната 2019/2020 година.
  2. Извештај за реализација на програмата за изградба и реконструкција на улици и патишта за 2018 година.
  3. Извештај по Програма за локален економски развој на Општина Ресен за 2018 година.
  4. Извештај по Програма за поттикнување на развојот на туризмот во Општина Ресен за 2018 година.
  5. Извештај по Програма за прекугранична соработка на Општина Ресен за 2018 година.
  6. Извештај по Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Ресен за 2018 година.

20. План за вработување за 2020 година на ЈОУДГ ,,11 септември’’ – Ресен.

 

21. План за вработување за 2020 година на “Дом на културата Драги Тозија Ресен“.