Урбанистички планови

Урбанистички планови се планови за уредување и користење на просторот во рамките на планскиот опфат на град, село или друго подрачје утврдено во планот. Во зависност од просторот кој е предмет на планирањето, Законот за просторно и урбанистичко планирање на Република Македонија предвидува донесување на следните четири вида урбанистички планови:

Генерален урбанистички план (на ниво на град),

Детален урбанистички план (на ниво на дел од град),

Урбанистички план за село (на ниво на село), 

Урбанистички план вон населено место (на ниво на подрачје надвор од град или село).

Кај различните урбанистички планови има хиерархиска подреденост. Деталниот урбанистички план му е изработен според генералниот урбанистички план. А генералниот урбанистички план е изработен според Просторниот план на Република Македонија 

*Доколу имате проблем со прегледот на .pdf содржините преземете го следниот софтвер (adobe reader) или (foxit reader)