• MK
  • EN
default color green color orange color
Добредојдовте на официјалната страна на Општина Ресен
Отворање на фестивалот Актерот на европа
6.07.2008.

akterotnaevropa-2008.gifВечерва, 6. јули, недела во 20 часот, во Домот на култура се отвора фестивалот "Актерот на Европа".

Фестивалот од меѓународен карактер е од исклучително значење за Општината Ресен и регионот, бидејќи претставува вистинско богатство и одлична можност за промоција на градот на светско ниво во сферата на културата, а преку неа во развојот на туристичката понуда на овој крај.

Досегашното постоење на фестивалот му обезбеди на Ресен високо место во интернационалните културни театарски кругови и фестивалот влезе во мапата на најпрестижните фестивали од ваков вид, бидејќи секогаш на фестивалот земале учество реномирани  театарски куќи од Албанија, Грција, Русија, Италија, Германија, Србија и Црна Гора.

И годинава на фестивалот, кој е од исклучително културно значење, очекуваме присуство на познати театарски куќи од земјава и странство, а ќе го отвори, основачот и претседател на Советот, Јордан Плевнеш, со мотото на основачот на Европската унија, Жак Моне, “Да се гради Европа, значи да се гради мир”. Инаку, претседател на жирито на фестивалот ќе биде, Дарко Гаспаровиќ, драматург од Хрватска (Ријека), а како почесен претседател на Советот на фестивалот се јавува, министерот за култура, спорт и медиуми на Црна Гора, Бранислав Мичуновиќ - информираат организаторите.

Инаку,  Преспа е одбрана за најсоодветно место за одржување на фестивалот, бидејќи во едно време - невреме, Преспа претставуваше  зандана и на духот и на гласот.

Почеток: 20 часот
локација: Дом на култура - Ресен (Сарај)

Прочитај повеќе...
 
Матурска парада 2008
16.05.2008.

DSC00017.JPG.jpgРесен, 16 мај - На плоштадот „Маршал Тито“ денеска во 12 часот се одржа манифестацијата „Матурска парада 2008“.

Македонските матуранти танцуваа за Гинис на музика од Шуберт истовремено со своите колеги од Словенија, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

На годинашната „Матурска парада“ во Ресен учествуваа матурантите од СОУ „Цар Самоил“.

„Матурската парада 2008“ беше отворена од градоначалникот на општина Ресен г-дин Димитар Бузлевски.

Прочитај повеќе...
 
Информативни трибини за НАССР системот за безбедност на храната
12.05.2008.
grbmal.gifСогласно важечките законски прописи (Закон за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната - Сл. Весник на РМ бр. 54/02 и бр. 84/07 и Правилник за санитарно-хигиенски услови за производство на храна - Сл. Весник на РМ бр. 32/06) за имплементирање на HACCP системот за безбедност на храната, а со цел да им помогне на трговците и производителите на храна, Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство на Република Македонија спроведуваат информативна кампања во соработка со канцелариите за Локален Економски Развој од 20 општини.
Прочитај повеќе...
 
Зеницата на Македонија
5.05.2008.

zenicata-banner.jpgНа 9 Мај, во Младинскиот Културен Центар во Ресен, ќе биде одржан квизот на знаење - „Зеницата на Македонија“, организиран од страна на СОУ Цар Самоил и Општина Ресен.

 

 

Прочитај повеќе...
 
Втор Конгрес на млади од Југоисточна Европа
2.05.2008.
kongres_na_mladi.jpgВо периодот од 7- 11 Мај, во Ресен ќе се одржи Вториот Конгрес на млади од Југоисточна Европа, во организација на Новинари за права на жени и деца и заштита на животната средина и Cojep International а со подршка на Општина Ресен. Пленарната сесија која ќе го означи почетокот на Вториот Конгрес на млади ќе се одржи на 08. Мај во Домот на Култура „ Драги Тозија“ - Сарајот со почеток во 10.00 часот.
Прочитај повеќе...
 
Велигденски Хепенинг
24.04.2008.
DSC00048.JPG.jpgДенеска, 24 април 2008, по повод големиот Христијански празник Велигден, во организација на Сојузот на здруженија на граѓани „Коалиција за Перспективна Преспа“ – Ресен а под покровителство на Градоначалникот на Општина Ресен, Г-дин Димитар Бузлевски беше одржан Голем "Велигденски хепенинг".



Прочитај повеќе...
 
Работилница на тема: Инструментот за предпристапна помош (ИПА фондови)
23.04.2008.

grbmal.gifСекретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија во рамките на проектот ГОФРЕ „Градење на административните капацитети за ЕУ интеграции“, поддржан од Британската влада, во соработка со ЗЕЛС и Општина Ресен ќе одржи работилница за лицата вработени во ЕЛС-Ресен, НВО-секторот и бизнис-секторот во општина Ресен, на тема Инструментот за предпристапна помош (ИПА).

Прочитај повеќе...
 
Прва Јуниорска Хуманитарна Олимпијада
23.04.2008.

PICT0618.JPGОдржана Првата Јуниорска Хуманитарна Олимпијада во Ресен

На 19ти Април (сабота) 2008 година на градскиот плоштад во Ресен се одржа спортско хуманитарната акцијата “Со цвет до поубав свет - За посреќно детство” во организација на Клубот на млади на Општинската Организација на Црвен Крст - Ресен.

Генерален покровител на настанот беше Градоначалникот на Општина Ресен - Димитар Бузлевски.

Прочитај повеќе...
 
Јавна Презентација и Јавна Анкета
17.04.2008.
grbmal.gifСе известуваат граѓаните и правните лица дека Јавната Презентација и Јавната анкета наместо 21.04.2008 год. ќе се одржи на 24.04.2008 година во просториите на Големата сала на Општина Ресен.
Прочитај повеќе...
 
Хуманитарен Концерт за малата Јована
17.04.2008.
elena_lambe_humanost.gifДенес со почеток од 22:00 часот во ноќниот клуб “FRAME“ ќе се одржи хуманитарна забава на која специјални гости ќе бидат македонските ѕвезди Ламбе Алабаковски и Елена Ристевска.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 13 од 18
 

Анкета

Дали и Вие би помогнале при отстранувањето на дивите депонии во општината?
 
« < Јули 2008 > »
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3
Bitola:
14°C
1013mb

5 km/h
Resen:
14°C
1013mb

5 km/h
Skopje:
21°C
1012mb

23 km/h