|
Среда, 10 Февруари 2010 11:49 |
|

Врз основа на Договорот склучен помеѓу Швајцарската Агенција за развој и соработка и Општините од Пелагонискиот плански регион (Битола, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Прилеп и Ресен) со бр. 7Ф-00566.04 за финансиска поддршка на Проектот „Имплементација на акциски план на Регионална Развојна Агенција на Пелагонија-ПРЕДА (Пелагонија-Преда)“ заведен со бр.11-6/289-1 во Секретаријатот за Европски прашања и во Управата за јавни приходи со посебен даночен број 4030008648876 и планираните активности во под-проектот „Промоција на пиперката како конкурентна култура во Пелагонискиот регион“, Фондацијата Регионална Развојна Агенција на ПЕЛАГОНИЈА-ПРЕДА, објавува:
|
|
Последно освежено на Четврток, 11 Февруари 2010 10:21 |
|
Повеќе...
|
|
|
Натпревар - Колку ги познаваш правилата во сообраќајот |
|
|
|
|
Четврток, 04 Февруари 2010 10:47 |
|
Во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот , вчера 03.02.2010во големата собраниска сала се одржа традиционалниот натпревар во знаење ’’Колку ги познаваш правилата во сообраќајот’’. На овој натпревар учество зедоа учениците од петте основни училишта од општината. На натпреварот победи екипата на ОУ Мите Богоевски, второто место го освои екипата на ОУ Гоце Делчев, а третото екипата на ОУ Димитар Влахов.
|
|
Последно освежено на Петок, 05 Февруари 2010 10:18 |
|
Повеќе...
|
|
Интегрирано управување со екосистемот во сливот на Преспанското Езеро во Албанија, Македонија и Грција |
|
|
|
|
Вторник, 26 Јануари 2010 14:33 |
|
Во изминатиот период Министерството за животна средина и просторно планирање, поддржано од проектот „Интегрирано управување со екосистемот во сливот на Преспанското Езеро во Албанија, Македонија и Грција“, финансиран од страна на Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), а имплементиран од страна на Програмата за развој при Обединетите нации (УНДП), ги отпочна и интензивно работеше на исполнувањето на законските обврски за повторна оценка и прогласување на заштитеното подрачје Езерани.
|
|
Последно освежено на Вторник, 26 Јануари 2010 14:39 |
|
Повеќе...
|
|
|
Договор за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа |
|
|
|
|
Вторник, 02 Февруари 2010 11:39 |
На 02 февруари 2010 година (вторник), во Пили, Република Грција потпишан е трилатералниот „Договор за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа„.
На настанот присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање на Р. Македонија, Неџати Јакупи, министерот за животна средина, енергија и климатски промени на Р. Грција, Константина Бирбили, министерот за животна средина, шуми и управување со води на Р. Албанија, Фатмир Медиу, градоначалникот на Општина Ресен Михаил Волкановски и претставник на Европската комисија за животна средина.
|
|
Последно освежено на Среда, 03 Февруари 2010 08:08 |
|
Повеќе...
|
|
Е-Општина - Пријави проблем |
|
|
|
|
Петок, 22 Јануари 2010 15:13 |
Системот ви овозможува во секое време од денот, седум дена во неделата, преку интернет порталот на нашата општина, да пријавите комунален проблем кој нашите служби ќе се обидат да го решат или да ве информираат до каде е решавањето на проблемот во најкраток можен рок.
Упатство за користење на системот
Од листата на проблеми во менито на системот одберете го вашиот проблем. Во пријавата наведете ја точната адреса (улица и број) или поблиску опишете ја локацијата на која треба да се изврши интервенција. Напишете ги вашите контакт информации за да може да одговориме на вашата пријава и да ве информираме.
|
|
Последно освежено на Петок, 22 Јануари 2010 15:18 |
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
|
|
Лист 17 од 32 |