|
Договор за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа |
|
|
|
|
Вторник, 02 Февруари 2010 11:39 |
На 02 февруари 2010 година (вторник), во Пили, Република Грција потпишан е трилатералниот „Договор за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа„.
На настанот присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање на Р. Македонија, Неџати Јакупи, министерот за животна средина, енергија и климатски промени на Р. Грција, Константина Бирбили, министерот за животна средина, шуми и управување со води на Р. Албанија, Фатмир Медиу, градоначалникот на Општина Ресен Михаил Волкановски и претставник на Европската комисија за животна средина.
|
|
Последно освежено на Среда, 03 Февруари 2010 08:08 |
|
Повеќе...
|
|
|
Интегрирано управување со екосистемот во сливот на Преспанското Езеро во Албанија, Македонија и Грција |
|
|
|
|
Вторник, 26 Јануари 2010 14:33 |
|
Во изминатиот период Министерството за животна средина и просторно планирање, поддржано од проектот „Интегрирано управување со екосистемот во сливот на Преспанското Езеро во Албанија, Македонија и Грција“, финансиран од страна на Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), а имплементиран од страна на Програмата за развој при Обединетите нации (УНДП), ги отпочна и интензивно работеше на исполнувањето на законските обврски за повторна оценка и прогласување на заштитеното подрачје Езерани.
|
|
Последно освежено на Вторник, 26 Јануари 2010 14:39 |
|
Повеќе...
|
|
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во посета на Општина Ресен |
|
|
|
|
Петок, 15 Јануари 2010 13:05 |
 По иницијатива на градоначалникот на Општина Ресен г-дин Михаил Волкановски денес ( 15.01.2010 година) во работна посета на Општина Ресен присуствуваше Министерот за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство г-дин Љупчо Димовски со своите соработници.
Средбата беше во насока на ажурирање на активностите помеѓу локалната и централната власт а во насока за превземање на конкретни дејства кои долгорочно и стратешки би решиле поголем дел од проблемите со кои се среќаваат овоштарите во Преспа.
|
|
Последно освежено на Петок, 15 Јануари 2010 18:40 |
|
Повеќе...
|
|
|
Е-Општина - Пријави проблем |
|
|
|
|
Петок, 22 Јануари 2010 15:13 |
Системот ви овозможува во секое време од денот, седум дена во неделата, преку интернет порталот на нашата општина, да пријавите комунален проблем кој нашите служби ќе се обидат да го решат или да ве информираат до каде е решавањето на проблемот во најкраток можен рок.
Упатство за користење на системот
Од листата на проблеми во менито на системот одберете го вашиот проблем. Во пријавата наведете ја точната адреса (улица и број) или поблиску опишете ја локацијата на која треба да се изврши интервенција. Напишете ги вашите контакт информации за да може да одговориме на вашата пријава и да ве информираме.
|
|
Последно освежено на Петок, 22 Јануари 2010 15:18 |
|
Повеќе...
|
|
Среќна и бериќетна 2010 година! |
|
|
|
|
Недела, 03 Јануари 2010 22:36 |
Почитувани сограѓани,
нека новата 2010-та биде година во која ќе живееме посреќно, во стабилна и спокојна средина, опкружени од нашите најблиски и најмили.
Најискрено посакувам овие Новогодишни и Божиќни празници да донесат здравје, среќа, мир и подобар живот за секого.
Градоначалник на Општина Ресен
Михаил Волкановски |
|
Последно освежено на Недела, 03 Јануари 2010 23:05 |
|
|
|
|
|
|
Лист 18 од 33 |