Банер
Ден на дрвото PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 11 Февруари 2008 18:08
grb_prespa2.jpg Како резултат на лошата состојба со шумскиот фонд а особено со катастрофалните шумски пожари кои се случија минатата година, во Република Македонија покрената е граѓанска иницијатива за пошумување
Цел на иницијативата е на 12ти Март 2008 година, во еден ден да бидат посадени повеќе од 2 милиони садници или точно толку онолку колку што Република Македонија има жители. Акцијата го носи името „Ден на дрвото“.

Акцијата наидува на безрезервна подршка во повеќе релевантни домашни и странски институции, како Владата на РМ; Претставништвото на ЕУ во РМ; Парламентот на РМ; ЗЕЛС...

Како дел од активностите за реализација на акцијата е и планот за посета на дваесет градови во чии подрачја ќе се извршува пошумувањето. Еден од нив е градот Ресен. Целта на овие посети е директно информирање за целите и текот на реализацијата и лобирање за активно вклучување на што е можно поголем број на учесници во акцијата.

 

Посета на Ресен е планирана за 13 Февруари 2008 год. (Среда) со почеток во 13:00 часот.

 

Во рамки на посетата, делегација од Иницијативниот одбор на акцијата ќе има средба со Градоначалникот на Општина Ресен, претставници на локалните медиуми, претставници на образовните институции, претставници од поголемите организации и граѓани.

Средба со граѓаните на Општина Ресен ќе се одржи во Големата сала на општинската зграда, со почеток од 13:30 часот. Ве покануваме Вас и Вашата институција што помасовно да се приклучите на иницијативата и да присуствувате на информативната средба за да се запознаете подобро со проектот.

После средбата, во 14:30 во училишниот двор на основното училиште „Гоце Делчев“ во Ресен ќе бидат засадени неколку садници со што на симболичен начин ќе биде означен почеток на акцијата.

 

За повеќе информации лице за контакт е Човиќ Јована, тел: 047/452-200, е-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Последно освежено на Четврток, 14 Февруари 2008 21:37