Банер
Слободен пристап до информации од јавен карактер PDF Печати Е-пошта
Четврток, 24 Април 2008 13:05

grbmalПочитувани Граѓани,

Законот за слободен пристап до Информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија” број 13/06) стапи во сила од 1 септември 2006 година.

Општина Ресен е имател на информации и располага со информации од јавен карактер. Во согласност со Законот за слободен пристап до Информации од јавен карактер објави листа на информации од јавен карактер со кои располага општината.

Органите на општината Градоначалник и Совет се иматели на информации

Листата на информации со кои располага Општина Ресен, и нејзините органи, а кои се утврдуваат како информации од јавен карактер достапни до барателите се следните:

1. Информации кои се однесуваат на работата на Советот на Општина Ресен:

-Програми, одлуки, извештаи, препораки, мислења, прописи и други донесени одлуки кои се однесуват на работата што е во надлежност на Советот на Општина Ресен;

-Информации од Комисиите формирани од страна на Советот (прашања, мислења, предлози).

2.Информации кои се однесуваат на работата на Градоначалникот на Општина Ресен:

-Прописи, иницијативи, правилници и други работи утврдени со закон и со Статутот на Општина Ресен.

3. Информации за работата на општинската администрација:

-Одлуки и други акти кои се поврзани со работата на органите на -Општината (Статут, Деловникот на Советот,

-Одлука за организирање на општинската администрација, Правилник за систематизација).

-Информации за состојбата во областите на културата, спортот, социјалната заштита, образованието и здравството.

-Информации за програмите за прекугранична соработка и други програми од областа на локалниот економски развој.

-Информации за Буџетот на општината и Годишната сметка на Буџетот.

-Одлуки за утврдување на висината на стапките на данокот на имот, данокот на наследство и подарок, данокот на промет на недвижности и комуналните такси.

-Генерален урбанистички план за град Ресен, детални урбанистички планови, Урбанистички планови и урбанистичка документација.

-Програми за уредување на градежно земјиште, локалните патишта и улици, јавното осветлување.

-Програми за комунални работи и животната средина.

-Дозволи за вршење на авто-такси превоз.

Барање за пристап до информации од јавен карактер Барање за пристап до информации од јавен карактер 2008-04-24 12:29:05 30.50 Kb

 

 

 

 


Последно освежено на Понеделник, 23 Август 2010 12:31