Банер
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во посета на Општина Ресен PDF Печати Е-пошта
Петок, 15 Јануари 2010 13:05
grbmalПо иницијатива на градоначалникот на Општина Ресен г-дин Михаил Волкановски денес ( 15.01.2010 година) во работна посета на Општина Ресен присуствуваше Министерот за  Земјоделство, Шумарство и Водостопанство  г-дин Љупчо Димовски со своите соработници.
Средбата беше во насока на ажурирање на активностите помеѓу локалната и централната власт а во насока за превземање на конкретни дејства кои долгорочно и стратешки би решиле поголем дел од проблемите со кои се среќаваат овоштарите во Преспа.
Во склоп на посетата беше и посетена локацијата на која со урбанистичкиот план за Општина Ресен на површина од 20 хектари се планира изградба на дистрибутивен центар, ладилник и капацитети за преработка на јаболкото. Изградбата на ваков центар би помогнала и решила дел од проблемите на овоштарите во Преспа поврзани со складирањето, откупот и менаџирање на производството со финалниот производ – преспанското јаболко.
Последно освежено на Петок, 15 Јануари 2010 18:40