Банер
Интегрирано управување со екосистемот во сливот на Преспанското Езеро во Албанија, Македонија и Грција PDF Печати Е-пошта
Вторник, 26 Јануари 2010 14:33

Google_World_flags Во изминатиот период Министерството за животна средина и просторно планирање, поддржано од проектот „Интегрирано управување со екосистемот во сливот на Преспанското Езеро во Албанија, Македонија и Грција“, финансиран од страна на Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), а имплементиран од страна на Програмата за развој при Обединетите нации (УНДП), ги отпочна и интензивно работеше на исполнувањето на законските обврски за повторна оценка и прогласување на заштитеното подрачје Езерани.

Во таа насока, од страна на експертски тим изработена е сеопфатна студија во рамките на која се проценети природните вредности на подрачјето, направена е социо – економска анализа и предложени се мерки за неговото подобрено идно управување. Оваа студија ќе претставува основа за спроведување на постапката за повторно прогласување на заштитеното подрачје во согласност со законите на Р. Македонија

Со цел поголемо вклучување на сите релевантни фактори во процесот на повторно прогласување на заштитеното подрачје, а уште повеќе во неговото идно успешно функционирање,  на 26.01.2010(Вторник) се одржа работилница на која  се презентираат главните заклучоци и препораки на студијата за „Езерани“.

2

Последно освежено на Вторник, 26 Јануари 2010 14:39