Банер
Јавен Повик бр. 1/2010 PDF Печати Е-пошта
Среда, 10 Февруари 2010 11:49

image001

Врз основа на Договорот склучен помеѓу Швајцарската Агенција за развој и соработка и Општините од Пелагонискиот плански регион (Битола, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Прилеп и Ресен) со бр. 7Ф-00566.04 за финансиска поддршка на Проектот „Имплементација на акциски план на Регионална Развојна Агенција на Пелагонија-ПРЕДА (Пелагонија-Преда)“ заведен со бр.11-6/289-1 во Секретаријатот за Европски прашања и во Управата за јавни приходи со посебен даночен број 4030008648876 и планираните активности во под-проектот „Промоција на пиперката како конкурентна култура во Пелагонискиот регион“, Фондацијата Регионална Развојна Агенција на ПЕЛАГОНИЈА-ПРЕДА, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК бр. 1/2010 за прибирање на барања за избор на фармери за кофинансирање на 50% од средствата за инвестиции во примарното производство на индустриска пиперка (куртовска капија) со примена на современи агротехнички мерки во Пелагонискиот плански регион

 

 

  1. 1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

1.1. Фондацијата Регионална Развојна Агенција на ПЕЛАГОНИЈА-ПРЕДА седиште на улица „Иво Лола Рибар“ 5, 7500 Прилеп (во понатамошниот текст Агенција) го спроведува предметот на овој јавен повик дефиниран во точката 1.2.

1.2. Предмет на јавниот повик е прибирање на барања за избор на фармери за кофинансирање на 50% од средствата за инвестиции во примарното производство на индустриска пиперка (куртовска капија) со примена на современи агротехнички мерки во Пелагонискиот плански регион кој ги опфаќа општините Битола, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Прилеп и Ресен.

Кофинансирањето ќе се однесува за набавка на:

  1. контејнери за безпочвено расадување,
  2. спроведување на систем капка–по–капка,
  3. фолија за мулчирање,
  4. анализа на почва,
  5. осигурување на посев, и
  6. ѓубрива.

Вкупниот износ на инвестицијата може да биде 100.000,00 денари, од кои што максималниот износ на кофинансирање од ПЕЛАГОНИЈА-ПРЕДА може да биде во вредност од 50.000,00 денари, со што барателите ќе треба однапред да го финансираат нивниот дел.

Бројот на пријави е ограничен до исполнување на лимитот на расположливите средства одобрени според буџетот на проектот.

НАПОМЕНА: Овој повик претставува интегрален дел во реализација на Проектот на „Имплементација на акциски план на Регионална Развојна Агенција на Пелагонија-ПРЕДА (Пелагонија-Преда),

1.3. Право на апликација имаат индивидуални земјоделски производители со искуство во производство на индустриска пиперка (куртовска капија).

1.4. Условите и процедурите за аплицирање се дефинирани во документацијата кон јавниот повик која, со листата на придружни документи потребни за аплицирање, може да ја подигнете во просториите на Агенцијата, и тоа секој работен ден од 10:00 – 15:00 часот или на web страната на Агенцијата: www.preda.org.mk

Прилеп на ул. Иво Лола Рибар бр. 5, кај Сончица Петреска и

Битола на ул. Томаки Димитровски бр. 7, кај Марија Димитровска

1.5. Секој еден подносител на пријава може да аплицира само за една локација каде ќе се врши инвестицијата.

1.6. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.

 

  1. 2. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Изборот на фармери ќе го врши комисија врз основа на следните критериуми:

2.1.  Исполнување на барањата наведени во Образец Б од барањето за кофинансирање

2.2.  Пред – договор склучен со трговец  / преработувач за откуп на производството

2.3.  Достапност на вода до парцелата

2.4.  Големина на една формирана парцела од минимум 0,3 хектари

2.5.  Земјиште во посед или под наем од минимум 2 хектари

2.6.  Почитување на принципот на рамномерен регионален пристап

2.7.  Почитување на принципот „Прв дојден, прв услужен“

2.8.  Искуство во производството на индустриска пиперка (куртовска капија)

2.9.  Согласност за почитување на Протоколот за начинот на производство на индустриска пиперка (куртовска капија) во Пелагонискиот регион

 

  1. 3. НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА

Со цел да се обезбеди униформност во производството на целата територија на Пелагонија набавката на контејнерите за безпочвено расадување системот капка–по–капка и фолиите за мулчирање  ќе го изврши ПЕЛАГОНИЈА-ПРЕДА.

Преземањето на материјалите ќе се врши по претходна уплата од страна на барателите.

 

  1. 4. СОДРЖИНА НА ПРИЈАВАТА

Подносителот на пријавата на јавниот повик се обврзува да ги пополни и достави следните обрасци:

А. Образец - Барање

Б. Образец – Потребна документација и останати прилози

  1. 5. РОКОВИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊАТА

Јавниот повик е отворен од 01.02.2010 година до 01.03.2010 година. Во тој период Агенцијата ќе врши прием на поднесените пријави, а отварањето ќе биде најкасно 3(три) дена по завршувањето на повикот. Пријавите треба да пристигнат до 15,00 часот еден ден пред отварањето. Пријавите кои ќе пристигнат по утврдениот рок ќе се земат предвид во следното отварање.

Агенцијата на поднесувачите на пријавите ќе одговори најкасно до 15 дена од денот на отворањето на пријавите или најдоцна до 20 март 2010 година, дали ги исполнуваат условите на јавниот повик и дали ќе бидат кофинансирани производството на индустриска пиперка.

 

Пријавите, пополнети на компјутер или рачно со печатни букви на кирилско писмо, се доставуваат на следната адреса:

Регионална развојна агенција на Пелагонија – ПРЕДА

Адреса: Иво Лола Рибар 5 (стара железничка станица)

7500 Прилеп, Македонија

Поштенски фах:174

 

На ковертот треба да биде назначено:

» ПРИЈАВА ЗА ЈАВЕН ПОВИК БР. 01/2010 «.

На задната страна на ковертот задолжително да се наведе името на подносителот и локацијата на општината од каде е пријавата,

Пријавата се смета дека е уредна кога е составена согласно бараните обрасци (А,Б,В), кога се приложени сите барани документи и кога е уредно насловена и означена. Комисијата нема да ги разгледува непотполните и погрешно назначени пријави.

Дополнителни информации може да добиете секој работен ден од 10:00 – 15:00 часот на тел.: 048/401-581 локал 102

Б А Р А Њ Е ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ИНДУСТРИСКА ПИПЕРКА (КУРТОВСКА КАПИЈА) ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ СТАТИСТИЧКИ РЕГИОН

 

КОМИСИЈА ЗА ИЗБОР НА ПЕЛАГОНИЈА-ПРЕДА

 

 

 

 

 

 

 

Последно освежено на Четврток, 11 Февруари 2010 10:21