Општи Информации
Општински Органи
Администрација
Е-Општина
Јавни Набавки |
Пријави проблем |
Службен Гласник
| Конкурс за стипендирање на студенти Роми за академска 2010/2011 година |
|
|
|
| Четврток, 25 Февруари 2010 13:01 | |||
|
Право на конкурирање за стипендија имаат кандидати кои: -се запишани како редовни студенти на признат универзитет во РМ во академската 2010-2011 год. -се на додипломски, магистерски или докторски студии -се државјани на Република Македонија -исто така може да се пријават и средношколци кои го завршуваат своето четиригодишно средно образование и планираат да се запишат на некој од признатите универзитети во РМ во академската 2010/2011 год. Во предвид ќе бидат земени само оние кандидатите кои ги исполнуваат критериумите за конкурирање во програмата и кои доставиле целосен пакет со пријава при тоа почитувајќи ги крајните рокови посочени во упатството за конкурирање. Изборната комисија на РМУСП ќе доделува стипендии врз основа на конкуренција на оние кандидати чиј што пакет со пријава има највисока квалитативна вредност, имаат висок академски успех, се општествено ангажирани, имаат висок квалитет на препораките како и врз основа на препораките на Советодавната комисија. Конечната селекција ја прави Изборна комисија на програмата за стипендирање РМУСП од Будимпешта. Рокот за пријавување за стипендии е до 30-ти април 2010. Пријава и детални инфорамции за потребните документи, за процесот на пријавување и селекција, критериуми, и др. можете да ги најдете на веб страната на Програмата (http://ref.rmusp.org/). Ве молиме имајте во предвид дека сите заинтересирани кандидати од Македонија мораат да ги праќаат своите целосни документи до координаторот на Програмата исклучиво по препорачана пошта на долунаведената адреса: Фондација Институт отворено општество – Македонија Програма за стипендирање на студенти Роми – РМУСП бул. Јане Сандански бр. 111 1 000 Скопје, Македонија Подетални информации и објаснувања поврзани за конкурсот за стипендирање на студенти Роми можете да добиете и во ФИООМ, лице за контакт Ајсел Мемет, тел: 02 2444 488.
|
|||
| Последно освежено на Четврток, 25 Февруари 2010 13:54 |







