Банер
Министерот Љупчо Димовски во работна посета на Ресен PDF Печати Е-пошта
Четврток, 25 Февруари 2010 15:30
1

Денес Министерот за Земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо димовски беше во работна посета на Ресен . Тој заедно со Градоначалникот на Општина Ресен, Г-дин Михаил Волкановски се сретнаа со представници од Одборот за Спас на преспанското јаболко.

Представниците на одборот изразија задоволство за мерката за доделување од 43700 денари по хектар.

Сепак истите побараа поедноставување на апликациите за субвенции како давајне поширок дијапазон за критериумите поврзани со субвенциите.

Општа констатација е дека и самиот откуп во последно време оди во нагорна линија за што посведочи и самиот градоначалник на Општината Ресен Михаил Волкановски ``Секојдневно се товарат по десет шлепери јаболка, и тоа, најмногу за Бугарија и Турција, а во најскоро време очекуваме продажбата да продолжи и во Албанија“.

Во продолжение на работната посета свое предавање, кое побуди голем интерес, од областа на јаболкопроизводството пред заинтересираните субјекти одржа и Прф.др. Франци Штампар од -``Univerza v Ljubljani, Biotehniška fakulteta, Oddelek za agronomijo,
Katedra za sadjarstvo, vinogradništvo in vrtnarstvo,
Skupina za sadjarstvo
``, Љубљана, Словенија.

2 3 4

Последно освежено на Четврток, 25 Февруари 2010 15:40