Банер
Подобрување на водоснабдувањето на Преспа PDF Печати Е-пошта
Среда, 03 Март 2010 13:21
grbmal

Денес во работна посета на Општина Ресен присуствуваше господинот Сашо Клековски од МЦМС ( Македонски Центар за МеѓународнаСоработка). На работната средба потпишан е договор договор за реализација на проектот ``Подобрување на водоснабдувањето на Преспа`` финансиран од Швајцарска агенција за развој.

Договорни страни на договорот за реализација се МЦМС,Швајцарска Агенција за Развој, Општина Ресен и ЈКП Пролетер. Проектот произлезе од работата на ``Форум на заедниците`` и со него се опфатени реконструкција на хидрофорна станица како и изградба на два експлоатациони бунари во с.Стење и с.Царев Двор.

Последно освежено на Среда, 03 Март 2010 13:22